Џонсон: Нема друга опција освен активности на национално ниво

Британскиот премиер Борис Џонсон денеска пред Долниот дом на Парламентот ја бранеше одлуката за наметнување второ национално затворање, што треба да почне во четврток.

– Соочени со најновите податоци, нема друга опција освен да се преземат понатамошни активности на национално ниво, им порача Џонсон на пратениците.

Тој додаде дека е правилно прво да се наметнат локални мерки.

– Верувам дека беше исправно да се испробаат сите можни опции за ставање под контрола на овој вирус на локално ниво преку силно локално дејствување и силно локално раководство, рече Џонсон.

Според предложените мерки, повеќето продавници ќе бидат затворени до 2 декември, а баровите и рестораните ќе бидат ограничени на услуги за достава.

На луѓето ќе им биде наредено да останат дома, освен одење на работа, вежбање и основно пазарување, додека училиштата и факултетите ќе останат отворени.

Покраинските влади на Северна Ирска, Шкотска и Велс веќе воведоа построги ограничувањаза спречување на ширењето на коронавирусот. 

Треба да знаете
Последни објави