Зидан пред дуелот со Интер: Секој следен натпревар за Реал е финале

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан ги сподели своите очекувања за натпреварот од 3. коло во Лигата на шампионите против Интер.

Интер е добар тим. Тие ставаат голем акцент на физиката и играат фудбал добро. Не чека уште еден тежок натпревар. Ова ќе биде уште едно финале. Впрочем, за нас до крајот на групата секој  мече е финале. Ние го знаеме ова и ќе се обидеме внимателно да го играме натпреварот. Утре одиме по три бода. Уморен сум од слушање дека ни треба промена. Можеме да постигнеме многу со овој состав, изјави Зидан.

По две кола, Реал е последен во групата Б со еден освоен бод. Интер и Борусија Менхенгладбах имаат по два бода, а Шахтјор е на првото место со четири бода.

Натпреварот Реал – Интер е закажан за утревечер со почеток во 21 часот.

Треба да знаете
Последни објави