Солун и Серес во целосен двонеделен карантин, отворени ќе бидат само училиштата

Во грчките градови Солун и Серес, од утре наутро се воведува целосен карантин, со дозволено движење за граѓаните само со испратена смс порака, полициски час од 21 до пет часот наутро, забрана за меѓународни и домашни летови, а единствено отворени ќе бидат само училиштата.

Новите мерки ќе бидат во сила следните две седмици, а денеска ги соопшти владиниот портпарол Стелиос Пецас на редовниот брифинг со новинарите, кој рече дека ситуацијата во Солун и во одредени други региони, е „особено сериозна за јавното здравје”.

Треба да знаете
Последни објави