Пристигнаа дел од 13 илјади брзи тестови, тестирањето со нив е бесплатно

Во Министерството за здравство денеска пристигнаа 3000 тестови, кои се дел од донацијата од 13 000 брзи тестови кои се најнова технологија со која за 15 минути се утврдува дали кај тестираниот е присутен вирусот Ковид 19. Останатиот дел од тестовите ќе биде испорачан до среда.

Како што соопштија од Министерството, овие брзи тестови се бесплатни за граѓаните, а ќе бидат распоредени низ 13 те болници во државата, во Клиниката за инфективни болести во Скопје, Болницата 8 Септември, Институт за белодробни заболувања кај децата – Козле и ЈЗУ Институт за белодробни заболувања и туберкулоза-Скопје, и ќе се користат како би се утврдило дали суспектните пациенти се позитивни на ковид-19.

Донацијата ја обезбедија ГД Гранит и Нафтената компанија Галф оил Македонија.

Од денеска почна примената на овие брзи тестови за Ковид-19. Здравствениот дом Скопје е прва здравствена организација во земјава што почна со изработка на брзите тестови. Станува збор за тестови од фирмата Abbott кои даваат 99,6 отсто точност на резултатот.

Во однос на постапката со овие тестови, прво се зема брис назоферигијално, потоа се става во епрувета во која има течност, потребно е од 15 до 20 минути, на една плочка се капнува каде што веднаш се добива резултатот.

Доколку е лицето позитивно, веднаш во текот на денот ќе биде известено од Институтот за јавно здравје кој понатаму ќе постапи со епидемиолошка анкета за лицето да биде ставено во изолација.

Треба да знаете
Последни објави