Search

Торонто ја разгледува можноста во новата сезона да биде домаќин во Њу Џерси

Раководството на канадскиот кошаркарски НБА-лигаш Торонто репторс, размислува следната сезона да биде домаќин во Њу Џерси, пишува „The New York Daily News”.

Веќе биле остварени разговори со операторите на „Пруденшал центар” во Њујорк, за можноста Репторс домашните натпревари да ги игра во таа арена.

Шампионот од 2019 година, сака да ја одигра претстојната сезона во еден од американските градови, поради ограничувања на движење предизвикани од коронавирусот.

Клубот веќе преговарал со арените во Тампа-беј или Нешвил.

Исто така беше објавено дека Канаѓаните можат привремено да се преселат во Луисвил или Канзас Сити.

Останува да се почека на конечната одлука каде ќе игра Торонто како домаќин претстојната сезона. з

Треба да знаете
Последни објави