Search

Во Словенија потврдени 1.113 новозаразени и седум починати од коронавирусот

Во Словенија во последните 24 часа се потврдени 1.113 случаи на зараза со новиот коронавирус, а седум пациенти починале како последица од компликациите предизвикани од Covid-19, со што продолжува многу критичниот период на епидемијата поради која во земјата од саботата е воведено „затворање“ кое ќе трае најмалку една седмица, а од вторник се воведува забраната за движење надвор од областа на матичната општина, објави словенечката влада.

Со новите зарази вкупниот број потврдени коронаинфекции од почетокот на епидемијата во Словенија е зголемен на 24.063, од кои во момементов активни се 15.230 случаи, а 14-дневната инциденца на заразата се зголеми на 727, објави министерството за здравство.

И натаму се зголемува бројот на заболените згрижени во болниците, каде во моментов има 523 пациенти, од кои 82 се на одделите за интензивна нега. А со новите смртни случаи, бројот на починатите од последиците од Covid-19 се зголемина 248 луѓе.

„Доколку е некако можно останете дома, само така епидемиолошката крива можеме да ја свртиме надолу. Ситуацијата е тешка и состојбата се менува од час во час“, изјави на прес-конференција во Љубљана, Јелко Кацин, владиниот портпарол за кризата со коронавирусот.

Ги повика граѓаните доследно да ги почитуваат мерките, бидејќи владата повеќе нема „простор за маневрирае“ за нови построги мерки.

Словенечкиот министер за здравство, Томаж Гантар, кој очекува дека же продолжи големиот број нови зарази и приливот на заболените во болнциите, издаде ноќта во неделата уредна со којашто во текот на 14 дена се запираат сите здравствени услуги кои не се итни, вклучително и превентивните здравствени програми, за приоритет да им се даде на заболените од Covid-19. Највии и дека во иднина во ребоатата на болнциите ќе може да се влкучи и приватниот здравствен сектор со концесии, лекарите приправници и специјализантите.

Треба да знаете
Последни објави