Search

Во италијанска Реџина има 21 заразен фудбалер

Италијанскиот фудбалски клуб Реџина објави дека 21 играч бил заразен со коронавирус, заедно со уште шест други членови на тимот.

Според изјавата на членот на Серија „Б”, меѓу заразените има 21 фудбалер, тренерот и неговиот помошник.

Натпреварот помеѓу Реџина и Цитадела, кој требаше да се игра во сабота, е одложен.

По четири кола, Реџина има победа, реми и два порази.

Треба да знаете
Последни објави