УЕФА планира да го преиначи форматот од завршницата на јубилејното Европското фудбалско првенство, кое требаше да се одржи оваа година, но поради пандемијата предизвикана од коронавирусот е поместена за следната година во месец јуни. Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин изјави дека не е неопходно оваа завршница да се ира во 12 градови на „стариот континент“ и дека шампионатот би можел да се организира во многу помалку или само во една земја.
-Или пандемијата ќе заврши, или ќе биде тотална катастрофа. ЕП 2021 сигурно е се одржи според распоредот од 11. јуни до 11. јули 2021, но под знак прашалник е дали ќе се игра во повеќе земји – изјави Чеферин.
Според одлуката ЕП треба да се одржи во Рим, Лондон, Амстердам, Баку, Билбао, Букурешт, Будимпешта, Копенаген, Даблин, Глазгов, Минен и Санкт Петербург. Но, можно е уште од сега неколку градови да се повлечат од организацијата како Баку, Санкт Петербург и Билбао.
Англиските медиуми пак најавуваат дека ЕП во 2021 би можело да се одржи во Англија наместо во повеќе земји низ Европа.