Search

Рекордот стигна до 535 заразени од Ковид-19

Нови 535 нови случаи на КОВИД-19 од направени  2445 тестови во изминатите 24 часа, соопшти вечерва Министерството за здравство. Најмногу се во Скопје – 277, а висок бој имаат и Струмица – 30, Прилеп – 26, Гевгелија – 24 и Штип 22.

Во Тетово се 18, Куманово 17, Кичево 15, Битола 13, Кочани 12,  Велес 10, Свети Николе 9, по осум во Струга и Ресен, седум во Дебар, шест во Радовиш, по пет нови случаи во Гостивар, Неготино и Валандово, четири во Охрид и Кавадарци, три во Пробиштип, по двајца во Крива Паланка и Демир Хисар и по еден нов случај во Македонски Брод, Виница и Делчево.

Во болнички услови починати се шест лица, пациенти од Битола (66г), Куманово (57г), Прилеп (72г), Свети Николе (69г), Велес (67г) и Неготино (55г).

Институтот за јавно здравје денеска регистрира 168 оздравени пациенти од: Скопје-68, Штип-4, Прилеп-14, Тетово-11, Струга-4, Велес-5, Битола-10, Охрид-2, Кавадарци-2, Гостивар-3, Гевгелија-5, Струмица-8, Кочани-14, Пробиштип-1, Берово-5, Виница-4, Делчево-2, Свети Николе-3, Кичево-1, Неготино-2.

Вкупната бројка на дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 22 170, оздравени пациенти се 16 758, на починати 815. Во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 4597.

Сспоред завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 9149, активни 2178

• Куманово 1915, активни 184

• Дебар 301, активни 43

• Штип 1402, активни 143

• Прилеп 865, активни 192

• Тетово 1640, активни 233

• Струга 735, активни 69

• Велес 402, активни 73

• Битола 416, активни 113

• Охрид 480, активни 62

• Кавадарци 288, активни 65

• Гостивар 1008, активни 86

• Гевгелија 229, активни 112 (13 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 32 на Богданци и 12 се странски државјани)

• Струмица 503, активни 303

• Крива Паланка 163, активни 56

• Радовиш 154, активни 68

• Крушево 20, активни 0

• Кочани 524, активни 199

• Пробиштип 133, активни 20

• Демир Хисар 64, активни 3

• Македонски Брод 96, активни 3

• Пехчево 48, активни 4

• Берово 155, активни 46

• Валандово 69, активни 41

• Виница 142, активни 43

• Делчево 196, активни 102 (36 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)

• Кратово 27, активни 3

• Свети Николе 416, активни 64

• Кичево 378, активни 51

• Ресен 179, активни 18

• Неготино 73, активни 20 (13 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 2445 теста се преку: ИЈЗ-577, ЦЈЗ Скопје-131, Авицена-579,  Биотек-282, МАНУ -175, Жан Митрев (Филип Втори) -305, Систина со ПЦР- метод-185, лабораторија Лаор –54, Судска медицина-16, ЦЈЗ Битола-86, Инфективна клиника-5, ГАК-8, Синлаб-42, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 214 235 тестирања на Ковид -19.  Нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа се примени 19 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 95 пациенти. На кислородна поддршка се 63, а нема пациенти на механичка вентилација.  Во болницата во Козле хоспитализирани се осум деца и девет мајки позитивни на КОВИД-19, едно дете и две мајки сомнителни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември” има пет приеми, а вкупно хоспитализирани се 40 пациенти. На респиратор е еден пациент. Во болницата во Битола се хоспитализирани 40, а во болницата во Штип се 50 пациенти.

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)

• Чаир – 96

• Гази Баба – 213

• Аеродром – 429

• Карпош – 373

• Центар – 395

• Кисела Вода – 257

• Ѓорче Петров – 183

• Бутел – 82

• Шуто Оризари – 14

• Студеничани – 3

• Сарај – 15

• Арачиново – 4

• Илинден – 32

• Сопиште – 18

• Чучер Сандево – 6

• Петровец –10

• Зелениково – 5

• Странец – 12

• Нераспределен-31

Треба да знаете
Последни објави