Search

Твитер избриша лажни профили на афроамериканци кои го поддржуваат Трамп

Твитер соопшти дека суспендира група профили кои наводно им припаѓаат на афро-американски поддржувачи на претседателот Доналд Трамп во предизборната кампања, поради несакани пораки и манипулација со платформата.

Твитер истражува активности поврзани со тие сметки и може да суспендира некои слични, доколку се покаже дека тие ја нарушуваат политиката на компанијата.

Преглед на некои од суспендираните сметки покажува дека нивните сопственици честопати користеле украдени фотографии за да изгледаат реално. Покрај тоа, тие честопати користеле идентичен јазик во своите пораки, вклучувајќи ја и фразата „Да, јас сум Афроамериканец и ќе гласам за Трамп”.

Некои од сметките привлекоа илјадници следбеници пред да бидат суспендирани. Сопстѕвениците на сметките понекогаш тврдеа дека се воени ветерани и припадници на полицијата.

Треба да знаете
Последни објави