Search

Закерберг ќе донира уште 100 милиони долари за организирање на изборите во САД

Основачот на Фејсбук Марк Закерберг објави дека ќе донира уште 100 милиони долари за локалните изборни администрации во САД.

Ова е дополнување на 300 милиони долари кои минатиот месец ги ветија Закерберг и неговата сопруга Присила Чан, за одржување на изборите на 3 ноември.

Средствата ќе бидат искористени за купување машини за гласање, маски и друга заштитна опрема за вработените во избирачките места.

Закерберг негираше дека има политички мотив за своите донации. Тој во објава на социјалната мрежа нагласи дека неговата одлука е диктирана од ситуацијата со коронавирусот и недоволното јавно финансирање за организација на изборите. 

Треба да знаете
Последни објави