Search

Капиталните инвестиции во инфраструктурата и во време на пандемија се приоритет на Владата предводена од СДСМ се градат патишта, социјални станови и гасоводи низ целата држава

Во време на глобална и економска и здравствена криза, Владата предводена од СДСМ реализира сериозни инвестиции во капитални инфраструктурни проекти, што значат побрзо надминување на негативните економски последици предизвикани од коронакризата и обезбедуваат подобар квалитет на живот за сите граѓани.
Во тек е изградба на 190 километри патна мрежа низ целата држава, во вредност од 800 милиони евра. Автопатот Кичево – Охрид веќе добива засилена динамика, а на автопатот Скопје – Блаце изведувачот на првата делница, веќе е воведен во работа.
Во тек е рехабилитација на 208 километри патна мрежа во вредоност од 42 милиони евра, а обезбедени се 70 милиони евра за изградба и реконструкција на улици и локални патишта во општините. Истовремено, во тек се 29 проекти за изградба на водоводи и канализации а се подготвуваат уште 14 проекти.
Во Пробиштип, Неготино, Виница, Свети Николе и Бутел, во тек е изградба на 506 социјални станови, а наскоро започнува изградба на нови социјални згради во Демир Капија, Гевгелија и Велес.
Продолжува и процесот на гасификација, реализирани се 60 отсто од делницата Скопје-Тетово-Гостивар. Оваа делница е со вкупна должина од 86 километри во вредност од 29 милиони евра.  Се работи и на правецот Неготино-Кавадарци-Битола, каде се реализирани над 89 отсто на делницата која е во вкупна должина од 92 километри и вредност од 36,4 милиони евра.
Развојот и унапредувањето на инфраструктурата и енергетскиот сектор остануваат врвен приоритет за Владата предводена од СДСМ.
И во време на пандемија реализираме проекти важни за државата, кои обезбедуваат подобар квалитет на живот за сите граѓани.

 

Треба да знаете
Последни објави