Search

Битолчанец со спреј вперен кон вработена огрбил маркет

Битолчанец со употреба на спреј кој го вперил во вработена, украл пари од маркет во овој град.

Од СВР-Битола информираат дека настанот се случил во текот на вчерашниот ден, во маркет на улицата „Гоце Делчев” во Битола.

-Веднаш по пријавата од маркетот дека непознато лице со спреј ја исплашил вработената, а потоа и одзел пари од касата, интервенираше полициска екипа која го евидентира и расчистува случајот, соопштуваат од секторот за односи со јавноста.

Во текот на вчерашниот ден, СВР-Битола исто така регистрирала непријатен настан омаловажување на полициски службеници  од страна на лицето К.М. од Струмица.

Од СВР-Битола посочуваат дека струмичанецот ги навредувал полициските службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај на локација од патот кој од Битола води кон границата со Република Грција.

Треба да знаете
Последни објави