Search

Тер Штеген е подготвен да остане во Барселона доколку стане најплатениот голман на светот

Голманот на Барселона, Марк-Андре тер Штеген е подготвен да направи отстапки кога ќе потпише нов договор со клубот, според „Гол”. Голманот првично бараше плата од 24 милиони евра годишно, но е подготвен да го намали условот на 18 милиони. Претходно беше објавено дека станува збор за договор до летото 2025 година. Неговиот сегашен договор истекува на крајот на оваа сезона.

Доколку Барса се согласи на новите услови, тогаш 28-годишниот Германец ќе стане најплатениот голман во светот и втор најплатен во клубот по Лионел Меси. Капитенот на Каталонците добива околу 31 милиони евра годишно.

Тер Штеген игра за Барселона од 2014 година. Оваа сезона тој сè уште не влезе на теренот поради повреда.

Треба да знаете
Последни објави