Search

Напишаниот текст е согласно граматичките правила на словачкиот јазик, реагираат од Кабинетот на Пендаровски

Во врска со реферирањето на претседателот Стево Пендаровски при средбата со претседателката на Словачката Република, Сузана Чапутова во Братислава, од Кабинетот на претседателот појаснуваат дека „напишаниот текст е на словачки јазик и согласно граматичките правила на словачкиот јазик. Впрочем, тие самите својата држава на својот словачки јазик ја нарекуваат „Словенска република”, значи со придавка”.

-Пред одржувањето на средбата од страна на протоколот на претседателот Пендаровски е дадена забелешка во однос на начинот на кој е напишано името на Република Северна Македонија, при што од домаќините е добиено образложението за називот на словачки јазик. Сметаме дека не постои никаков превид ниту каква било намера од страна на словачките домаќини, информираат од Кабинетот на Пендаровски.

Порталот „Експрес“ претходно објави дека за време на посетата на Словачка, Пендаровски ги прекршил македонските закони со ставање потпис на придавка која е крајно навредлива за Македонците. Скандалот го открива партијата “Твоја” на нивниот Твитер профил.

Пендаровски во книга на впечатоци при посетата на Братислава напишал поздравна порака над објаснувањето на домаќините дека тој е претседател на северномакедонската република.

“Искрена и длабока почит за пријателскиот Словачки народ” напишал Пендаровски а под него таа порака стои навредливото објаснување кое нему не му пречело.

Треба да знаете
Последни објави