Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (10.10.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот
. На територијата на град Скопје изречени се вкупно 437 санкции, меѓу кои возење без возачка дозвола 50 лица, пречекорување на дозволената брзина на движење 140 прекршоци, 40 технички неисправни и нерегистрирани возила, 8 мотоцикли, 79мерки за непрописно паркирање, 48 се подигнати со пајак, а изречени се 59 казни за неносење на заштитна маска. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.
Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.