Search

Груевски: Денес има повеќе политички затвореници и прогонети лица отколку на 11 Октомври 1941

Поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски преку Фејсбук го честиташе 11 Октомври од Унгарија, каде е политички азилант, со коментар дека денес има повеќе политички затвореници и политички прогонети лица во Македонија од страна на “македонската власт” отколку на 11.Октомври 1941 година од окупаторската.

-Жртвите се оние кои не се согласуваа со кршењето на уставот и законите по однос на националните прашања, промената на името Република Македонија и уставот со таа цел, како и промена на идентитетот и историјата на Македонците, по теркот и како што бараа некои други. Најголемиот дел се припадници или подржувачи на една политичка опција со која повеќе од една деценија пружија аргументиран и правичен отпор зад кој стоеја убедливото мнозинство Македонци. Тие се сега одбрани, со прогонот врз нив, власта да демонстрира сила и пример, за останатите да живеат во страв дека и ним може да им се случи истото доколку посериозно им се спротистават во било што, вклучително и во понатамошното тргувањето со базичните национални интереси со кои некој сака да го оствари сонот кој некогаш неуспеал да го реализира со пушка и присилно.

https://www.facebook.com/NGruevski/posts/10158848721602716?__xts__%5B0%5D=68.ARBRbRLl7CI2rufGAKVvML0KpBTRaAnsi-9xAQjirmBsRuRkQW6KWKBxL9Bdarru1wCHvSBlJ88l4MQvaWujowCOpWuQWhc0LWlmAkGrSTYXALkQGoUPPoaM6Wg1zEmgplGb8kocVmJMJ9IFNYlVEhqIZfawTQyTHKv6_EaYJZ_dm4z7vzDcp4wdrrdB4vKMSTKWc3vB9mUZgbAR4mA53afl1K_UydtAlvDO0enGJ-xXrWZarom9lD2V6STdlzIZp8-lNbZCtG9DLIASgPyvNDBVIzNmDBQrcJtr-uEbhLOvIf43I7s9m15HeVsFhrR6_ntaSvLfX-GvXw&__tn__=-R

Слава и чест на партизаните кои се бореа за ослободување од фашистичкиот окупатор и за создавање македонска држава. Нивната борба, на тие илјадници загинати и преживеани во војната храбри борци беше херојска и таа не треба да биде засенета од подоцнежното недемократско и свирепо владеење на комунистичкиот режим кое безмилосно се пресметуваше со неистомислениците и со патриотите. Партизаните се бореа за слободна Македонија и за реализација на идеалите на Делчев, Груев, Питу, Јане, Карев и останите чии имиња на чети ги носеа и чија жртва беше нивната водилка. Тие генерации, како и генерациите кои половина век претходно се бореа и се жртвуваа, заслужија држава. Направија историја, го зацврстија идентитетот и го издигнаа името до степен секој слободно и со гордост да кажува Македонија и Македонци и така сите да не нарекуваат. Не се помирија, го поразија и избркаа окупаторот. Се изборија за слободата и за државноста. Нека е честит празникот 11 Октомври денот на востанието на македонскиот народ против фашистичкиот окупатор. Да се избориме вечно да го славиме таков каков што бил а не како што некој сака да ни наметне невистини за наводна граѓанска војна наместо востание на македонскиот народ против фашистичкиот окупатор.Нека е вечен празникот 11 Октомври – денот на востанието на Македонија и нека е вечна Македонија!

Треба да знаете
Последни објави