Search

Маж од Струга побарал од старец да му покаже како изгледаат евра па му ги украл

Педесет и шестгодишен стружанец украл 8.500 евра од старец во Струга.

Според информациите на МВР, осмничениот Ќ.А.(56) од струшкото село Лабуништа, во текот на јули во Струга пресретнал 76 – годишен стружанец и му побарал, ако има, да му покаже како изгледаат евра.

Старецот извадил од џебот 8.500 евра, кои претходно ги подигнал од банкарска сметка и му ги покажал, по што пријавениот насилно му ги одзел.

Против него е поднесена пријава за тешка кражба на дрзок начин.

Треба да знаете
Последни објави