Search

(Фото) Падна дрво врз автомобил кај „Зебра“

Дрво паднало врз автомобил „ровер“ утрово кај ТЦ„Зебра“, дознава 24 Инфо.

Според очевидци, едно лице е повредено. Не е познато дали станува збор за лице што било во возилото, или, пак некој што поминувал по улицата Васил Ѓоргов.

Дрвото најверојатно паднало бидејќи на тој дел од улицата се изведуваат градежни работи, п при посилен ветер се паднало на улицата.

Полицијата врши увид во моментов.

 

Треба да знаете
Последни објави