Search

Филиповски: Градиме по план, по долги години реконструкција на патот кај населеното место Аџево во Драчево

Локалната власт во општина Кисела Вода предводена од СДСМ и градоначалникот Филип Темелковски продолжува да работи во насока на подобрување на инфраструктурата.

Во моментов се наоѓаме во Драчево каде во должина од 550 метри и ширина од 4,5 метри, се одвиваат градежни работи за реконструкција на патот во населеното место Аџево.

На овој пат, исто така предвидено е да бидат поставени и стабилизирачки банкини.

Оваа реконструкција е дел од првата фаза, по која според предвиденото, ќе следуваат уште фази, се до целосното асфалтирање на овој пат, а реконструкцијата на улицата се прави во соработка со Скопски плански регион.

И во време на пандемија континуирано работиме во реализација на капитални инвестиции во нашата општина.

Градиме по план, постојано докажуваме дека можеме и повеќе и подобро за подобар живот на сите.

Треба да знаете
Последни објави