Search

Одложено рочиштето за стечајната постапка над Еуростандард банка

Граѓанскиот суд објавува соопштение во врска со стечајната постапка над Еуростандард банка АД Скопје во стечај.

„Судот ги информира доверителите и другите заинтересирани субјекти дека рочиштето по предметот на Основниот граѓански суд Скопје СТ-123/20, кое се однесува на стечајната постапка над Еуростандард банка АД Скопје во стечај, закажано за 8.10.2020 година во 13:00 часот, ќе се одложи за 6.11.2020 година во 10:00 часот, со оглед дека е во тек вршењето на достава на табелата шема на доверители со оспорени побарувања. Доверителите ќе имаат право во рок од 8 дена од нејзиниот прием да поднесат приговор против истата“, соопштуваат од Судот.

Треба да знаете
Последни објави