Search

ФИТР ќе ги презентира резултатите од повикот „О2 предизвик 2 Справување со климатските промени”

Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) на прес-конференција ќе ги презентира резултатите од јавниот повик „О2 предизвик 2 Справување со климатските промени”.

Избраните проекти нудат решенија за глобалниот проблем со климатските промени и имаат за цел намалување на негативните последици по јавното здравје.

На прес-конференцијата која ќе биде пренесувана и во живо, на официјалниот профил на ФИТР на фејсбук, ќе се обратат, директорот Јован Деспотовски, постојаната претставничка на УНДП во Северна Македонија, Нарине Сахакиан, израелскиот амбасадор, Дан Ориан, како и извршниот директор на Македонија 2025, Никица Мојсоска Блажевски.

Треба да знаете
Последни објави