Search

Прегазенa старица во Ѓорче Петров, возачот избегал

На 06.10.2020 во 19.15 часот било пријавено дека на ул.„Ѓорче Петров“ во Скопје, непознато возило удрило во пешакот Н.Т.(80) од Скопје, по што го напуштило местото на незгодата.

Во незгодата, Н.Т. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се работи на расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави