Search

Судот во Стразбур ја осуди Швајцарија поради принуда на новинарка да ги открие своите извори

Европскиот суд за човекови права денеска ја осуди Швајцарија бидејќи принудувала новинарка да ги открие своите извори во истрагата за трговија со дрога.

Нина Јекер во 2012 година објави напис во кој пишуваше за повеќегодишното дејствување на трговците со канабис и хашиш. Нејзината статија доведе до отворање на истрага, при што Јекер беше повикана да сведочи, а таа одби. Кантоналниот суд првостепено пресуди во корист на новинарката, додека Федералниот суд ја укина заштитата на изворот, пресудувајќи дека нејзиното сведочење е единствен начин да се идентификува сторителот и оти јавниот интерес е „над приватниот интерес” на Јекер.

Европскиот суд во Стразбур едногласно предупреди дека одлуката на швајцарското правосудство претставува кршење на членот 10 од Европската конвенција за човекови права, поврзано со слободата на изразување.

Судиите потсетија на „важноста на заштитата на новинарските извори за слободата на медиумите во демократското општество. Во пресудатасе истакнува и дека новинарите можат да го откријат својот избор само ако е од јавен интерес, што во случајот на Јекер не е утврдено.

Јекер не поднесе барање за отштета.

Треба да знаете
Последни објави