Search

Средба на министерот Бочварски со Амбасадорот на Република Бугарија

Ве информираме дека министерот за транспорт и врски Благој Бочварски оствари работна средба со Амбасадорот на Република Бугарија во Република Северна Македонија, Н.Е. Ангел Ангелов.

Mинистерот Бочварски ги презентира капиталните прокети што се реализираат во Република Северна Македонија, со посебен акцент на доизградба на железничкиот Коридор 8. Тој потенцира дека Владата останува силно посветена на изградба на пругата кон Република Бугарија и дека се преземаат сите потребни чекори и од технички и од финансиски аспект за нејзино довршување.

„Во текот на средбата со Амбасадорот Ангелов разговаравме за сите крупни капитални проекти што ги реализираме во нашата држава, но посебен акцент ставивме на изградбата и модернизацијата на Коридор 8, што се од круцијално значење за унапредување на соработката меѓу двете земји. Го информирав Амбасадорот за сите активности што ги преземаме за доизградба на пругата кон Република Бугарија и со оглед на тоа што станува збор за проект од особено значење за двете земји, се согласивме за потребата од зајакнување и интензивирање на нашата соработка“ – изјави министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски. Министерот и Амбасадорот ја искористија приликата да разговараат и за зголемување на меѓусебната трговска размена и зајакнување на регионалната соработка.

 

Треба да знаете
Последни објави