Search

Скопски пензионер во болница: Нервозен возач со шише од парфем му ја распукал главата

Повозрасен скопјанец завршил во болница, по банална расправија, вчера во близина на Собранието, дознава 24 Инфо.

Според очевидци на инцидентот, насилникот не бил задоволен како неговиот постар сограѓанин го паркирал возилото во близина на негговиот автомобил, па почнале расправија. Во еден момент помладиот извадил стаклено шише од парфем и му го удрил од главата на пензионерот.

Стерецот цел раскрварен завршил во болница, а насилниот бил приведен.

Од МВР го потврдија инцидентот.

-На 05.10.2020 околу 21.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Даме Груев“, по претходно недоразбирање во сообраќајот, В.М.(40) од Скопје со тврд предмет го удрил Д.П.(69) од Скопје. По преземени мерки В.М. бил приведен во полициска станица и по целосно расчистување на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, велат од МВР.

Треба да знаете
Последни објави