Search

Детали за канибализмот во Белград: Таткото починал од природна смрт, синот му ги изел ушите и дел од стомакот

Ментално болниот Душан М. (39) бил една недела во станот со неговиот мртов татко Александар, чие месо го гризеше и јадеше. Обдукцијата утврдила дека Александар починал од природна смрт.
Ужасна трагедија е откриена во петокот, кога соседите пријавиле дека од станот во кој живееле Душан и неговиот татко Александар, доаѓа неподнослива смрдеа.

Според изворите од истрагата, полицијата ја скршила влезната врата и го нашла Душан меѓу купот ѓубре. Тој мирисал лошо и бил обраснат со долга брада и коса, а рацете му биле ужасно валкани. Несреќниот човек само повторувал на секое прашање на инспекторот дека е страшно гладен и немал што да јаде.

– Додека полицијата се обидуваше да воспостави каква било комуникација со Душан, друга патрола изврши претрес во станот. Тие се запрепастиле кога го забележале трупот на Александар на креветот во спалната соба, кој бил во напредна фаза на распаѓање. Следувал уште поголем шок откако сфатиле дека на несреќниот старец му недостасуваат уши и делови од стомакот, како и дека на неговото тело се гледаат траги од каснување од човек рекол изворот.

Несреќниот Душан М. веднаш бил препратен на Клиниката за инфективни болести, а оттаму подоцна бил пренесен во психијатриска болница. Телото е испратено на обдукција, каде е утврдено дека Александар починал од природна смрт, седум дена пред полицијата да го пронајде телото.

Едн од сосетките вели дека не и е јасно зошто живееле толку несреќно.

– Тие немаа финансиски проблеми, затоа што знам дека имаа пари. Александар имаше пензија и ја трошеше во продавница. Тој носеше храна, но и двајцата беа запоставени. Не се бањаа. Мирисаа на застоена пот и урина. Тие беа страшно запоставени. Кога и да одеше Александар низ ходникот на зградата, смрдеше со денови. Пред еден месец повторно му пишавме на Центарот за социјална работа и побаравме помош, но повторно никој не ни одговори, вели таа.

Треба да знаете
Последни објави