Search

(Видео) Кога се тепаат картинг возачи

Делењето правда со тупаници не е својствено за врвните спортисти, иако има исклучоци. Но, кога тоа ќе го фати камерата, и ќе се види неможноста да се сочува присебноста, да се контролира гневот тогаш следуваат огромни казни. За разлика од првенствата во Ф1, TCR, рели прванствата каде ретко, речиси никогаш нема такви испади во картинг се натпреваруваат возачи со „краток фитил“, објави „24Ауто“.

Италијанецот Лука Корбери, беше „ѕвездата“ на вечерта кој не ја заврши трката од ФИА Светскиот картинг шампионат. И потоа направи неколку потези кои не се само неспортски, туку на социјалните мрежи веќе се бара негова доживотна суспензија.

Тој целосно загуби контрола и прво гаѓаше со браник од картинг возило кон еден од своите ривали, и тоа додека трката се уште траеше. Но, тука не застана. Реши и физички да се пресмета со ривалот по трката во боксот.

Имаше помош и од други челнови, се разменија тупаници. Сега веројатно ќе биде долго отустен од спортот.

Треба да знаете
Последни објави