Search

Приведено лице од Скопје за издржување затворска казна од пет години

На 05.10.2020 во 12:15 часот на ул.„Благоја Тоска“ во Тетово, полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка во координација со ЕВР Кисела вода го привеле Д.Т.(43) од Скопје, кој се барал по две потерници, за издржување на казна затвор од пет години и истрага по член 215 од Кривичниот законик на РСМ.Д.Т. е предаден на ПС Тетово, а потоа ќе биде спроведен до КПД Идризово.

 

Треба да знаете
Последни објави