Search

Персоналот на Инфективна клиника е истоштен, полни капацитетите во болниците во Куманово и Прилеп

Заменикот-министерот за здравство, Илир Хасани во вечерашното гостување на ТВ 21 рече дека голем дел од персоналот на Инфективната клиника е истоштен.

-Голем замор и истоштеност на персоналот на Инфективна клиника во Скопје. Постои хроничен замор. Ќе направиме се за да им помогнеме, тие се наши херои, рече во „Click Plus“ на ТВ21, Илир Хасани.

Тој посочи дека последниве денови новите случаи со коронавирус се зголемуваат.

„Поради зголемувањето на направени тестови се и зголемените бројки. Денеска во Куманово и Прилеп имавме информации дека се полни капацитетите коишто се планирани за пациентите со ковид-19. Во другите болници состојбата е под контрола, додава Хасани.

Треба да знаете
Последни објави