Search

Нема пари за лаптоп за учениците, а има 4,6 милиони евра за непостоечкото СЈО

Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното гостување во емисија Анализа на ТВ 24 зборуваше за ребалансот на буџетот, како и штетните политики кои владата под палка на СДСМ ги донесува изминатите речиси четири години.

Арсовски укажа на фактот дека владата троши народни пари да ги исплати СЈО како институција која веќе не постои, а нема пари за 40.000 ученици кои немаат услови за следење на наставата, однос немаат лап топ преку кој ќе можат секојдневно да учествуваат во образовниот процес.

“СЈО одамна не постои, а Владата исплаќа над 4,6 милиони евра за плати на институцијата која долго време не е во функција. 40.000 ученици треба да следат онлајн настава, а голем дел од нив немаат лап топ или таблет за да можат да учат. Наместо државата да вложува во најмладите и во нивната иднина, државата исплаќа онаму каде најверојатно нешто должи поради одредена услуга”, вели Арсовски.

Парите кои се потрошија за ваучери преку кои се правеше поткуп се потрошија, а народот не виде ништо од нив, затоа што тоа се нивни пари со кои владата дрско манипулира. Не е логично да нема пари за учениците, а пари да се трошат насекаде, само за да се прикрие неработењето на Владата, заврши Арсовски.

Треба да знаете
Последни објави