Search

Ериксен одбил две понуди од Бундеслигата

Играчот за врска на Интер, Кристијан Ериксен ги одбил понудите на Борусија (Дортмунд) и Херта (Берлин), открива „Скај Спорт”. Двата клуба од Бундеслигата го посакуваа на позајмица, а тренерот на „нероазурите” Антонио Конте се согласил на трансфер.

Данскиот репрезентативец потпиша со италијанскиот тим пред само 10 месеци, откако го напушти Тотенхем за 20 милиони евра. Сепак, Ериксен не се вклопи во тимот, нешто што Дортмунд и Херта се обидоа да го искористат.

Од почетокот на сезоната, тој одигра само 73 минути за Интер.

Треба да знаете
Последни објави