Search

Џафери ќе чека антикорупционерите до утре да се извинат

Претседателот на Собранието Талат Џафери побара од членовите на Државната комисија за спречување корупција до утре да се извинат за изнесените наводи дека апанажата на пратениците изнесува 100.000 денари. Првиот парламентарец напоменува дека членовите на Антикорупциската комисија се избираат токму од Собранието и тоа му дава право да бара одговорност од нив.

Катица Николовска член на Антикорупциската комисија денеска изјави дека од вкупниот број на 107 лица кои користеле апанажа, 29 доаѓаат од Влада, а 78 од  Собрание. Од 107 лица кои се предмет на анализата  89 лица по престанокот на користењето на апанажата повторно се вработиле и тоа 46 во државни институиции, а 43 во приватниот сектор. Додека 18 лица по престанокот на апанажата не се вработиле.

Седум од пратениците се вратиле на работните места каде работеле пред изборот на пратеници, но дури откако го искористиле 12-месечното право на апанажа. При тоа износот на апанажата за лицата кои биле на именувани функции во Влада изнесува околу 71.000 денари, а на  оние кои им завршил пратеничкиот мандат износот е околу 100.000 денари.

Треба да знаете
Последни објави