Search

Надал во осминафиналето на Ролан Гарос ќе игра против Корда кој својата мачка ја именувал по шпанскиот тенисер

Шпанецот Рафаел Надал без проблеми се пласираше во четвртото коло тенискиот гренд слем турнир Ролан Гарос. Вториот рекет на светот Надал за 1 час 37 минути денеска го победи Стефано Траваља од Италија.

Ривал на Надал во осминафиналето ќе биде победникот во квалификациите Себастијан Корда. Дваесетгодишниот Американец во едно интервју изјави дека својата мачка ја именувал според Надал.

Гренд слем турнирот Ролан Гарос се игра за награден фонд од 38 милиони евра.

Треба да знаете
Последни објави