Search

Муричи ќе го предводи Косово на дуелот во Скопје

Напаѓачот на италјанскиот фудбалски калчолигаш Лацио, Ведат Муричи ќе ја предводи репрезентацијата на Косово  на дуелот против Македонија во Скопје на 8 октомври во полуфиналето од разигрувањето во Лигата на нации, за пласман на завршинзата на ЕП-2020 кое е поместено за идната година.

Довчерашниот фудбалер на Фенербахче сè уште не дебитира за новиот тим бидејќи беше позитивен на коронавирус, но ќе му биде на располагање на селекторот на Косово, Бернард Чаландес.
Натпреварот Македонија – Косово ќе се игра без навивачи, иако УЕФА дозовли од капацитетите на стадионите да можат да бидат исполнети до 30 проценти, препорача тоа да се прави во скалад со власите во земјата. Здравствено-безбедносните протоколи во Македонија не дозволуваат поради пандемијата предизвикана од коронавирусот да има навивачи на трибините.

Селекторот на Косово, Чаландес за дуелот со Македонија ќе смета и на Кастрати од Динамо Загреб, Бериша од Ремс, Рахмани од Наполи, Војвода од Торино, но нема да го има на располагање фудбалерот на Вердер, Милот Рашица како и Ујкани од Торино кои се повредени.

Треба да знаете
Последни објави