Search

К-15 и колективните договори – теми на Синдикалната школа во Охрид

Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани (Синдикат на УПОЗ), од денеска до 4 октомври во Охрид ќе ја организира 31. Синдикална школа.

Од Синдикат на УПОЗ информираат дека на оваа синдикална школа ќе дебатираат за „Примената и остварувањето на правата од колективните договори”, со посебен осврт околу правото на регрес за годишен одмор и по донесената и стопирана Одлука за промена на работното време, исплата на додатоци на плата и други.

За овие прашања ќе зборуваат еминентни предавачи – претставник од Министерството за информатичко општество и администрација, професори, судии и Дамјан Манчевски, поранешен министер во МИОА во својство на потписник на Колективниот договор за вработените во државната управа.

Треба да знаете
Последни објави