Search

Едно лице паднало од зграда во Аеродром, МВР истражува дали станува збор за самоубиство

Едно лице  починало откако паднало од зграда во Аеродром. Засега не е познато дали лицето е паднато или се фрлило од зградата на булеварот „Јане Сандански“ наспроти „Три Бисери“. Во пријавата до полицијата која пристигнала попладнево се вели дека лицето се фрлило од зградата и починало на лице место. 

Од МВР велат дека ги утврдуваат начинот и причините за смртта на лицето. 

Очевидци на настанот велат дека починатото лице било во близина на зградата, покриено, а полицијата веднаш излегла на терен.

Треба да знаете
Последни објави