Search

Анималс организира „Октомвриски коњички турнир” и трето коло од Државно првенство во прескокнување пречки

Во организација на клубот Анималс од Скопје, на терените на клубот што се наоѓаат во населбата Дрма-Идризово, утре, 3 октомври, со почеток во 11 часот ќе се одржи „Октомвриски коњички турнир” и 3. коло од отвореното Државното првенство прескокнување пречки за 2020 година.

Натпреварите се дел од календарот на Федерацијата за коњички спорт на С. Македонија.

На програмата се четири натпревари во прескокнување на пречки во класите А, Б, Ц и Д со висина на пречките од 0,9 метри до 1,2 метра.

Натпреварувањето требаше да се одржи на 25 септември, но беше одложено поради лоши временски услови.

Треба да знаете
Последни објави