Search

(Видео) По дебатата Меланија застана покрај сопругот, а тој ја фати за рака

Американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот противкандидат и поранешен потпретседател и сенатор Џозеф Бајден ја имаа првата од трите дебати пред претседателските избори на 3 ноември.

Дебатата од самиот почеток беше многу напната и остана хаотична до самиот крај, а паднаа и тешки зборови.

На крајот од дебатата кандидатите позираа со своите сопруги.

Меланија Трамп дојде да го поддржи сопругот Доналд и на крајот од дебатата се искачи на сцената и се фотографираше, пренесува „Индекс“.

Додека стоеја, Трамп ја држеше Меланија за рака, а корисниците на социјалните мрежи коментираа дека со неговата рака се случувало нешто како тик.

Од друга страна, има и такви кои сметаат дека Трамп се обидел на сила да ја држи Меланија за рака.

Треба да знаете
Последни објави