Search

Бајден со критика до Трамп затоа што молчи за Лукашенко

Демократскиот претседателски кандидат Џо Бајден го критикуваше актуелниот претседател и републикански кандидат Доналд Трамп затоа што не дава никаков коментар за, како што рече, задушувањето на демократските протести во Белорусија, за кои рече дека ги водел „диктаторот” Александар Лукашенко.

Бајден ги поддржа „мирните изрази на слободата” и барањето на демонстрантите за нови избори, пренесуваат британските медиуми.

-Претседателот Трамп одбива да зборува против постапките на Лукашенко и да го поддржи продемократското движење, рече Бајден.

Треба да знаете
Последни објави