Search

Мурињо е убеден дека Деле Али ќе остане во Тотенхем

Тренерот на англискиот фудбалски премиерлигаш Тотенхем, Жозе Мурињо е убеден дека Деле Али може да остане меѓу „петлите” оваа сезона. Португалскиот стручњак го повика англискиот репрезентативец да го покаже својот целосен потенцијал за време на претстојните натпреаври.

-Верувам дека тој ќе остане. Дури можам да кажам дека сум убеден дека ќе остане, изјави Мурињо за „Скај Спортс”.

Деле Али (24), е дел од Тотенхем за мечот од Лигата на Европа на денешното гостување во Скопје против Шкендија.

– Тој имаше свои многу добри моменти, но имаше и слаби моменти. Нормално е да играте редовно кога сте во форма. Тогаш е заслужено. Нормално е да не учествувате на натпревари толку често кога не играте добро. Ако останете 90 минути на теренот, мора да се докажете. Тој секогаш ќе има свои шанси, секогаш велев. Нема проблем со тоа, но најважно е неговиот настап за време на натпреварите, изјави Жозе Мурињо.
Деле Али се поврзува со трансфер во друг клуб, откако за него се заинтересирани Реал Мадрид и Пари Сен Жермен.

Треба да знаете
Последни објави