Search

Јокиќ за победничкиот кош на Дејвис: Големите играчи постигнуваат големи кошеви

Лидерот на Денвер, Никола Јокиќ му честиташе на Ентони Дејвис за одличниот удар кој донесе победа на Лос Анџелес Лејкерс во дуелот бр.2 од финалето на Западната конференција.

Нагетси водеа со поен на две секунди пред крајот на мечот, но Еј Ди реализираше со тројка со сирената, преку која „езерџиите” поведоа со 2-0.

„Џокерот” призна за недостаток на комуникација во одбраната, но и го пофали својот противник за ударот.

– Имаат среќа да располагаат со двајца навистина добри играчи – Леброн, кој е веројатно најдобриот кошаркар во НБА и Ентони Дејвис, кој е веројатно најдобриот стрелец. Не е лесно да се чуваат. Знаевме дека некој од нив ќе го реализира последниот удар. Имаше доза на недостаток на комуникација во нашата одбрана, но признавам дека штом Дејвис ја шутна топката, почувствував како влегува. Големите играчи постигнуваат големи кошеви, рече Јокиќ на прес-конференцијата по натпреварот.

Треба да знаете
Последни објави