Search

Видал пристигна во Милано, утре потпишува за Интер

Еден од отпишаните фудбалери од Роналд Куман, Артуро Видал ќе си ја исполни својата голема желба да заигра за тимот на Интер.

Вечерва тој пристигна во Милано пред утрешните медицински прегледи и потпис за „нераѕурите“ каде повторно ќе игра под водство на Антонио Конте кој му беше тренер и во Јувентус. Се очекува да потпише договор на три сезони, па можеби и да ја заврши кариерата во Интер со оглед на тоа што по истекот ќе има 36.

Барселона за својот досегашен фудбалер ќе добие само еден милион евра, но ќе се ослободи од неговата плата која изнесуваше речиси осум милиони.

Треба да знаете
Последни објави