Search

Со 22 милиона евра Германија ќе го засили обезбедувањето објекти на еврејската заедница

– Германија обезбеди 22 милиона евра за подобрување на безбедноста на синагогите и другите еврејски објекти во државата по антисемитски напад минатата година. Владата вети дека ќе ја зајакне безбедноста откако десничарски екстремист се обиде да влезе во синагога во источниот град Хале на Јом Кипур, најголемиот ден за јудаизмот, но не успеа и уби двајца минувачи.

Неуспешниот обид за атентат предизвика тревога во Германија.

– Еврејската заедница може да смета на германската Влада дека ќе стори се што може за да се обезбеди заштита што и е потребна. Знаеме каква одговорност имаме, рече министерот за внатрешни работи Хорст Зехофер.

Треба да знаете
Последни објави