Search

Новиот ЕУ амбасадор Гир: Со нетрпение чекам да ја запознаам земјата, обезбедувајќи поддршка за нејзиното ЕУ интегрирање

Новиот амбасадор на Европската Унија во Северна Македонија Дејвид Гир, пристигна во земјава.

-Пристигнав во Скопје. Со нетрпение чекам да ја запознам целата земја и нејзиниот народ, обезбедувајќи во исто време поддршка за нејзината интеграција во ЕУ, напиша на Твитер Дејвид Гир, новиот амбасадор на Европската Унија во земјава.

Дејвид Гир оствари средба со шефот на дипломатијата Бујар Османи, кој ги прими копиите од акредитивните писма за неговото именување.

Гир доаѓа на местото на досегашниот евроамбасадо Самуел Жбогар.

Жбогар ја извршуваше функцијата шеф на Делегацијата на Европската комисија во земјава, од 1 септември 2016 година, а дојде на местото на тогашниот шеф на делегацијата Аиво Орав.

Треба да знаете
Последни објави