Search

Откако се судриле му го одзел возилото

На 16.09.2020 во 21.20 часот во СВР Битола било пријавено дека на булевар „Први мај“ во Битола се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „ауди“, со битолски регистарски ознаки, управувано од В.Т.(37) од Битола и патничко возило „фолксваген голф“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Д.Т.(58) од Битола. Според пријавеното, потоа В.Т. со закана со остар предмет го одзел возилото на Д.Т., но набргу бил фатен и лишен од слобода. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесе соодветен поднесок.

Треба да знаете
Последни објави