Search

На Косово 76 новозаразени и три починати лица од коронавирусот

На Косово како последица од инфекцијата од коронавирусот во последните 24 часа починале три лица, а новозаразени евидентирани се 76 од направени 538 тестови. Од почетокот на пандемијата починати се вкупно 604 лица.

Во последните 24 часа излекувани се 165 пациенти, а како активни се водата уште 2.286 пациенти.

Од почетокот на пандемијата на Косово се тестирани 59.571 лице, а присуството на коронавирусот е потврден кај 14.839 пациенти.

 

Треба да знаете
Последни објави