Search

Зголемена казната за убиството на младиот кошаркар во Ново Лисиче

Апелациониот суд во Скопје ја прифати жалбата на обвинителството и ја зголеми за една година затворската казна на скопјанецот А.Т.(18), кој беше осуден на три години за убиството на Никола Христовски (17) на 14 август лани во во Ново Лисиче, дознава 24 Инфо.

Првостпената пресуда предизвика големо незадоволство во јавноста, иако судот донесе одлука во рамките на законски предввидената казна, која обвинителството ја обжали, исто како и осудениот, кој барал да му се намали казната. Како што е познато, убиството на младиот кошаркар на МЗТ се случило поради меѓуетничка нетрпеливост, откако А.Т. бил навредуван на меѓуетничка основа и нападнат од група момчиња, по што тој со нож го убил Христовски.

-Пресудата на Основниот кривичен суд се преиначува во делот на одлуката на кривичната санкција, на начин што обвинетиот А. Т., кој со првостепената пресуда е огласен за виновен за кривично дело убиство на миг по чл.125 од Кривичниот законик, согласно тој член и одредбите на чл.4,32,33,35 и 39 од КЗ, се осудува на казна затвор во траење од 4 години во која казна се засметува времето поминато во притвор сметано од 14.08.2019 година до 07.04.2020 и времето поминато во куќен притвор од 20.05.2020 година до 19.07.2020 година. Во останатиот дел првостепената пресуда се потврдува, велат од Апелациониот суд.

Од судот објаснуваат дека А.Т., незадоволен од првостепената пресуда преку бранителот во благовремен рок вложил жалба по сите жалбени основи од чл.414 од ЗКП со предлог, жалбата да се уважи, обжалената пресуда да се укине и предметот да се врати на првостепениот суд на повторно судење и одлучување или да се преиначи така што обвинетиот се ослободи од обвинение, но истата е одбиена како неоснована.

-Неосновани се жалбените наводи за погрешно утврдена фактичка состојба. Првостепениот суд правилно ја утврдил фактичката состојба кога нашол дека обвинетиот со умисла го лишил од живот на миг оштетениот Н. Х. Притоа, решителните факти по однос на времето, местото, начинот на извршување и сторителот на кривичното дело судот ги утврдил од исказите на сведоците Б. Б., А. Ц., Д. К., Д. К., Г.Л., Ф. Р., М. М., М. Г., Г. Ј., С. С., кои искази се јасни, недвосмислени и меѓусебно се надополнуваат по однос на релевантните факти, за хронологијата и динамиката на кривично правниот настан, а истите наоѓаат поткрепа и во изведените материјални докази, велат од Апелација.

Според судот, во таа насока од исказите на сведоците Ф. Р., Г. Ј., М. М., М. Г. и С. С., произлегува дека обвинетиот често доаѓал во населбата Ново Лисиче, дека тие тоа не го сакаат, дека обвинетиот вечерта претходно бил предупреден дека не е пожелен во нивната населба и да не доаѓа повеќе, но и покрај тоа тој критичната вечер повторно бил во населбата. Тоа било причина да се соберат повеќе деца па откако обвинетиот отишол на бензинската пумпа „Макпетрол“ го пресретнале група од повеќе лица, кои започнале да го навредуваат и физички го нападнале со влечење и удари во градите. Пото обвинетиот уплашен започнал да бега кон зградите во населбата, а групата која за кратко време се зголемила, меѓу кои бил и Христовски, трчале по него, па кога обвинетиот се доближил до влез на зградата на критичното место прв до него стигнал убиениот. Во тој момент А.Т. со нож му задал убодна рана градниот кош, од која истиот подоцна починал.

-Дека обвинетиот делувал афективно-импулсивно и не бил во состоојба логично да размислува, расудува и раководи со своите постапки произлегува и од вештиот наод и мислење од ЈЗУ УК за психијатрија Неговите постапки во тој момент според вештите лица биле исклучуво нагонски, односно борба за преживување. Според вештите лица и самиот разговор на А.Т. со полицијата, односно неговиот повик на 192 на кој го пријавува настанот, говори за стравот кој го чувствува во тој момент и состојбата во која се наоѓа, кое нешто за вештите лица било дополнителен заклучок дека обвинетиот се чуствувал како прогонето животно, која состојба кај него предизвикало чуство на животна загрозеност, која водела потекло од претходниот ден и за него преставува реална ситуација. Правилно првостепениот суд утврдил дека кривичното дело е извршено со нож како и дека обвинетиот А. го имал со себе ножот критичната вечер, а кое нешто лично било забележано од сведокот Б. Б., која опишува дека критичната вечер, пред да одат на бензинската пумпа, обвинетиот  и сведокот Д. ги извадиле ножевите кои ги носеле со себе, ги покажувале и се фалеле пред присутните дека имале исти ножеви, пишува во образложението на пресудата.

Според Апелација, неосновани се наводите во жалбата на обвинетиот дека истиот во критичниот момент делувал во нужна одбрана, односно правилен е заклучокот на судот дека се работи за миговна умисла, т.н. „краток спој“, донесување на ненадејна и брза одлука за извршување убиство. Истата била предизвикана од однесувањето на жртвата, надополнето и со фактот дека обвинетиот носел со себе нож, но не и покојниот, поради што во конкретниот случај нема пропорционалност меѓу интензитетот на нападот и реакцијата на сторителот при одбраната.

Од друга страна, ценејки ја одлуката за кривичната санкција, Апелација оценува дека првостепениот суд во недоволна мера водел сметка за отежителните околности кои постојат на страна на обвинетиот.

-Имено, околностите поврзани со видот, карактерот, тежината и сериозноста на ова кривично дело, големата општествената опасност од ваквиот вид на кривични дела, степенот на кривичната одговорност на обвинетиот заштитното добро и во таа смисла јачината на загрозување на истото доведени во корелација со личните, семејни и материјални прилики на обвинетиот, пред се неговата возраст – истиот е помлад полнолетник, со се уште неоформено средно образование, невработен, нема оформено свое потесно семејство, досегашното примерно поведение – фактот да е неосудуван, не се водат ниту други кривични постапки упатуваат на потребата од изрекување на повисока казна затвор како кривична санкција подобна да овозможи реализација на целта на казнувањето предвидена со чл.32 од КЗ, т.е да се изврши доволно воспитно влијание врз обвинетиот во иднина да не сторува вакви и слични кривични дела, како и позитино да се влијае на планот на генералната превенција. Во тој контекст, овој суд одлучи обжалената пресуда да се преиначи во делот на одлуката на кривичната санкција,

 

Треба да знаете
Последни објави