Search

Вардар според ЕХФ е осморангиран состав како потенцијален освојувач на ЛШ

Во пресрет на стартот на новата сезона во елитното клупско натпреаврување во ракомет, Лигата на шампионите, Европската ракометна федерација (ЕХФ), ја направи лисатат со фаворит за осовојување на пехарот. Сеуште актуелниот европски првак бидејќи завршниот турнир од изминатат сезона е закажан за на крајот од годинава, Вардар  на ова рангирање котира на осмата позиција како тим кој би можел да ја покори Европа.

-Десет играчи си заминаа од Вардар, деветмина нови пристигнаа, што значи дека тренерот Стевче Алушовски ќе има полни раце работа. Марко Вујин и Борко Ристовски ќе донесат искуство што е многу значајно, се вели во мини-анализата на ЕХФ за Вардар.

Прв фаворит за освојување на титулата во ЛШ, во новата сезона е унгарскиот Веспрем, кој се уште сонува за првата европска круна.

-Четири официјални натпревари, четири победи и веќе еден освоен трофеј. Веспрем не можеше да ја започне подобро сезоната. Со Петар Ненадиќ во врвна форма, унграскиот тим не остава ништо на случајност. Го победи Вардар во финалето на СЕХА лига со 35:27, само два дена откао во полуфиналето го совлада Мешков Брест. Шпанските интернационалци Хорхе Македа и Родриго Коралес се во најдобра форма, што дава надеж дека Веспрем сезонава ќе биде шампион, се вели во анализата на ЕХФ.

Втор фаворит за титулата е Барселона, а потоа следат: Кил, ПСЖ, Кјелце, Пик Сегед и Порто, Нант и Брест Мешков.

Треба да знаете
Последни објави