Search

Белорусија почна процедура за тестирање на руската вакцина

Белорусија започна прелиминарни процедури за клинички испитувања на руската вакцина против коронавирус, изјави министерот за здравство Дмитриј Пиневич.

Тој кажал дека вакцината сè уште не е тестирана на волонтери, но дека почнале прелиминарните процедури, како што се проучување на досиеја, избор на центри во кои ќе биде спроведено испитувањето и слично.

„Откако ќе завршат прелиминарните процедури, за околу еден месец, ќе започне вакцинацијата на волонтери“, рече белорускиот министер.

За време на вчерашните разговори со белорускиот претседател Александар Лукашенко во Сочи, рускиот претседател Владимир Путин рече дека Белорусија се приклучила во последната фаза на тестирање на руската вакцина против коронавирусот.

На 11 август Русија стана првата земја што регистрира вакцина против вирусот. Вакцината наречена „Спутник V“ е изработена од Националниот истражувачки центар за епидемиологија и микробиологија „Гамалеја“.

Треба да знаете
Последни објави